Top Sport

Ајакс ќе побара „само“ 4 милиони евра отштета за тренерот Тен Хаг

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, е главен фаворит за менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед, а Пеп Гвардиола тврди дека би бил и негов одличен наследник на тренерското место во Манчестер Сити. Ова го прави стратегот на Ајакс најпосакуван тренер во пресрет на новата сезона во Премиерлигата.

Според медиумите на Островот, холандскиот клуб Ајакс ќе бара отштета од „само“ 4 милиони евра за да му дозволи на Тен Хаг да си замине една година пред истекот на договорот.

Раководството на Ајакс неколкупати потенцираше дека нема да му пречат на Тен Хаг во кариерата и дека ќе му дозволат да ги реализира своите сништа за трансфер во Англија.

Scroll to Top