Три од четири водечки екипи во фудбалскиот шампионат на Холандија, побарале Сојузот да го следи примерот на Белгија и да го прекина првенството. Иницијативата потекнала од Ајакс, а била поддржана од АЗ Алкмар и ПСВ Ајндховен. Неофицијално од Ајакс побарале да ја добијат титулата доколку првенството биде прекинато.
Сезоната во Холандија е крајно драматична во борбата за шампионската титула. Ајакс и АЗ Алкмар по одиграно 25 натпревари имаат по 56 поени. АЗ има две победи против Ајакс оваа сезона, меѓутоа во случај на ист број на поени во Холандија се гледа гол-разликата, а тука Ајакс се подобри.
„Не гледаме ниту една разумна причина за продолжување на сезоната“, рекол техничкиот директор на ПСВ, Тон Гербрандс.
„Да се играат натпревари без публика е ирелевантно.“, изјавил техничкиот директор на АЗ, Роберт Енхорн.
Наспроти барањето на Ајакс челниците на Фудбласкиот сојуз на Холандија во средата изјавија дека ќе ги следат препораките на УЕФА и ќе се обидат да ја завршат сезоната.