Top Sport

Ајакс преку „пеколот“ во Атина во осминафиналето на ЛШ (видео)

Холандскиот гигант Ајакс ја издржа непријателската атмосфера во Атина и упорниот домашен тим, за со 2:0 победа над ПАОК да обезбеди осминафинале на Лигата на шампионите на еден меч пред крајот на натпреварите по групи.

Откако холандските навивачи и грчките домаќини се „тепаа“ низ грчката престолнина во текот на понеделникот, проблеми се направија на трибините и пред стартот на мечот, кога неколку навивачи на АЕК успеаја да стигнат до делот каде што беа Холанѓаните и да фрлат молотов коктел кон нив!

На теренот, фудбалерите на Ајакс се мачеа да стигнат до предност сѐ до 67. минута, кога Хрватот Марко Ливаја доби втор жолт картон. Ситуацијата со играч повеќе ја искористија „копјаниците“, кои со двата гола на Душан Тадиќ (првиот од пенал), осигураа пласман во осминафиналето и дуел со Баерн за првото место на табелата.

Во вториот меч од програмата од 18 часот, Викторија Плзен со 2:1 го совлада ЦСКА Москва на гости за да ги задржат шансите за трето место во групата Г и пласман во Лигата на Европа.

ЦСКА водеа со 1:0 со голот од пенал на Никола Влашиќ од 10. минута, а чешкиот клуб прво пропушти да израмни од пенал во финишот на полувремето, пред во второто да постигнат два гола за пресврт и прва победа оваа сезона во ЛШ.

Фото: ЕПА

ГРУПА Е

АЕК Атина – Ајакс 0:2

Табела: Ајакс 11, Баерн 10, Бенфика 4, АЕК 0

ГРУПА Г

ЦСКА Москва – Викторија Плзен 1:2

Табела: Рома 9, Реал М. 9, ЦСКА 4, Плзен 4

Фото: ЕПА

АЕК – АЈАКС

ЦСКА – ВИКТОРИЈА

Scroll to Top