Top Sport

Тони Надал: Во 27 години работа со Надал, ниту еднаш не се однесувал лошо кон мене

Чичкото и долгогодишниот тренер на Рафаел Надал, Тони Надал вели дека во 27 години заедничка работа, тениската ѕвезда во ниту еден момент не покажал недостаток на почитување кон его.

„Не, никогаш. Нема ниту еден пример во кој Рафаел би кажал нешто лошо за мене, бидејќи да беше така ќе заминев. Животот се живее со почит за себе и за другите и јас бев тука да му помогнам. Но, со Рафа не е случајот само со мене бидејќи сум му чичко, тој секогаш ги почитуваше сите членови на својот тим. Секако, нервите работат и за тенисерите, но тој научи да се справува со тоа“, вели Тони Надал.

Чичко Тони оваа сезона престана да патува со неговиот внук, оставајќи му ја таа работа на тренерот Карлос Моја, но вели дека мотивација не му недостасува на Рафаел.

„Сите зборуваат за Олимпијадата во Токио во 2020 година, но засега тоа не му е цел, туку нешто побргу, како сезоната 2019“, додава Надал сениор.

Scroll to Top