Ајакс во лутото холандско дерби со 3:1 го совлада ПСВ Ајндховен за да се доближи на само два поени до лидерите во Ередивизие за совршена увертира на четврт-финалето на Лигата на шампионите против Јувентус.
На преполната „Јохан Кројф арена“ не недостасуваа возбудувања. „Копјаниците“ дојдоа до водство во 27. минута благодарение на автоголот на Даниел Шваб, пред да се случи „хаос“ во второто полувреме.
Ајакс прво остана со 10 играчи по црвениот картон на Нусаир Мазрауи во 57. минута, по што ПСВ израмнија следната минута преку Лук де Јонг. Сепак, трите поени останаа во Амстердам, откако прво Душан Тадиќ од пенал во 71. минута го врати водството, а потоа Давид Нерес во 97. минута да ја потврди победата.
По 27 кола ПСВ се на првото место со 67 поени, само два повеќе од Ајакс најавувајќи интересен финиш на шампионатот.