Top Sport

Ајакс се врати за возбудливо реми со ПСВ

Големото дерби на холандскиот фудбал помеѓу Ајакс и ПСВ Ајндховен заврши без победник, со 2:2, откако „копјаниците“ се вратија од 0:2 негатива во Амстердам за да ја заддржат предноста од еден поен пред ПСВ на чело на Ередивизие.

Израелецот Еран Захави постигна два гола во првото полувреме (2. и 21. минута) за да ги шокира лидерите Ајакс, пред Квинси Промес да намали на 1:2 во 40-тата минута. Новото засилување од Вест хем, Себастиен Але во 50-тата минута постигна гол, кој беше поништен поради офсајд, пред во 65. минута да му асистира на Антони за конечни 2:2.

Ајакс е прв на табелата со 35 поени, ПСВ се втори со 34, а Феенорд на третото место има 32 поени, колку што има и изненадувањето Витесе за најава за интересна борба во вториот дел од сезоната.

Scroll to Top