Top Sport

Фудбалерите не сакаат да бидат краткотрајно решение во Ливерпул?

Познатиот италијански фудбалски новинар и „експерт“ за трансфери, Фабрицио Романо тврди дека „многу фудбалери сега не сакаат да играат за Ливерпул“ и покрај неверојатниот успех во последните неколку сезони под Јирген Клоп.

По проблемите со повреди оваа сезона, Клоп мораше да експериментира и да ги прати Фабињо и Џордан Хендерсон во одбраната при 1:0 поразот од Саутемптон. Токму бидејќи им требаат „итни“ засилувања, фудбалерите го избегнуваат Ливерпул како дестинација во јануари бидејќи знаат дека ќе се „краткотрајно решение“.

„Многу фудбалери сега не сакаат да дојдат во Ливерпул и да играат пет-шест меча, пред големите фудбалери да се вратат од повреда. Дури и да дојдат, ќе седат на клупа една или повеќе сезони. Мислам дека затоа и Ливерпул одат со идејата да останат со тој тим кој го имаат, освен ако не дојде голема шанса“, вели Романо.

Португалецот Жота, кој дојде од Вулверхемптон за 41 милиони фунти во септември, сепак, е доказ дека и новите засилувања можат да најдат место во првиот тим на Клоп, откако тој играше до декември кога доби повреда на ногата.

Scroll to Top