Top Sport

Гранеруд ја сопре серијата на Стох и се зацврсти на врвот

Норвежанецот Халвер Егнер Гранеруд го искористи лошиот ден на Полјакот Камил Стох и триумфираше на ноќните скокови во Титизе-Нојштад, за да ја забележи шестата победа во кареирата (и во оваа сезона) и да се зацврсти на врвот во генерален пласман.

24-годишниот Гранеруд скокна 140 и 138 метри за да собере 299.4 поени и да победи пред сонародникот Даниел-Андре Танде со 297.0 поени (138.5 и 138 метри) и Австриецот Штефан Крафт со 291.3 поени (138 и 136 метри).

Победникот на новогодишната турнеја „4 скокалници“ и на вчерашното натпреварување во Титизе, Камил Стох беше само 25. по првата серија и на крајот заврши на 17. место.

Гранеруд сега има 848 поени во генерален пласман пред Германецот Маркус Ајзенбихлер со 634 поени по неговото четврто место, додека Стох е трет со 608 поени.

Scroll to Top