Top Sport

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил, патувајќи со воз наместо со авион.

Тимот на Ерик Тен Хаг ги очекува двоен дуел со Челси, пред патувањето до Лил на 27 ноември, но веќе си резервирале патување со воз наместо вообичаено за големите тимови, патување со авион. Генералниот директор на клубот, Едвин ван дер Сар вели дека се надеваат дека ќе постават позитивен пример.

„Благодарение на ’Еуростар’ обезбедивме вакво патување. Ова е време во кое сите треба да бидеме свесни за еколошките последици и сакаме да поставиме добар пример. Лил е совршена дестинација за патување со воз и така ќе заштедиме и време и ресурси“, вели Ван дер Сар.

Лет од Амстердам до Лил трае околу 3 часа и 20 минути, додека со воз тие ќе стигнат за 2 и пол часа.

Scroll to Top