Top Sport

Ајакс со контроверзен гол до победа над ПСВ и прво место на табелата

Ајакс стигна до голема 2:1 победа на гости кај ПСВ Ајндховен за да ги замени на врвот на табелата во холандската Ередивизие, резултат кој ги налути навивачите на ПСВ по контроверзната ВАР одлука по која „копјаниците“ стигнаа до победата.

Брајан Бробеј ги донесе Ајакс во водство во 34. минута со гол со глава, по што Германецот Марио Геце израмни на 1:1 во 53. минута по грешката на одбраната на клубот од Амстердам. Контроверзите дојдоа во 74. минута, кога Нусаир Мазрауи постигна прекрасен гол, но во градењето на нападот на Ајакс, топката излезе во аут. По долгата пауза поради прегледувањето на ВАР системот, голот беше признаен.

Со трите поени, Ајакс се врати на првото место на табелата со 48 поени, два повеќе од ПСВ, додека Феенорд се трети со 42 поени по 20 одиграни мечеви.

Scroll to Top