Top Sport

Ливерпул со победа кај Палас се доближи до Сити

Ливерпул стигна до тешка 3:1 победа кај Кристал палас за да се доближи на 9 поени до премиерлигашкиот лидер Манчестер сити (со натпревар помалку), покажувајќи дека трката за титулата можеби уште не е завршена.

Виргил ван Дајк успеа да постигне убав гол со глава уште во осмата минута од мечот, за во 32. минута, Алекс Окслејд-Чембрлен да најави лесна победа за тимот на Јирген Клоп. Меѓутоа, тимот на Патрик Виера не се откажа и во 55. минута намали на 1:2 со голот на Одсон Едуар за интересно второ полувреме. Фабињо стави точка на надежите за камбек на Палас во 89. минута со гол од пенал по непромислената реакција на голманот на Палас, Висенте Гуаита.

Арсенал, пак, пропушти шанса да ги помине Вест хем на петтото место на табелата, откако одиграа само 0:0 со „фенерџијата“ Барнли, додека Брајтон со голот на Дени Велбек во 82. минута извлече 1:1 реми кај Лестер.

ПРЕМИЕРЛИГА, 23.КОЛО

Кристал палас – Ливерпул 1:3

Арсенал – Барнли 0:0

Лестер – Брајтон 1:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top