Поранешниот репрезентативец на Аргентина Роберто Ајала открил како со текот на годините се развивал Лионел Меси. Ајала и Меси беа соиграчи во репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во 2006 година.
Ајала, во интервју за порталот „90мин“, вели дека на тогаш Меси бил срамежливо момче, а дека сега многу зборува, пред, во текот и по завршувањето на натпреварот.
„Меси сака да биде третиран како и сите останати, тој не сака да се истакнува. Тој е затворена особа кој созреа низ годините“, рекол поранешниот фудбалер на Сарагоса и Валенсија.
„Денес тој е лидер на теренот. Кога започнуваше, тогаш бевме и соиграчи, тој ен зборуваше. Тренираше бидејќи мораше. Доколку не требаше да тренира седеше во својата соба. Денес тој учествува во сите работи, разговара со соиграчите. Дури и пред натпреварите многу зборува“, заклучил Ајала.