Top Sport

СЗО до УЕФА: Не играјте фудбал во наредните 18 месеци

Светската здравствена организација (СЗО) и УЕФА преку видео-линк одржале состанок кој траел два и пол часа. „Ла Република“ тврди дека СЗО препорачале фудбалските натпреварувања на репрезентативно и клупско ниво да бидат прекинати во наредните 18 месеци.

Фудбалската сезона е ставена во мирување поради коронавирусот. Досега само во Белгија прогласија крај на сезоната, а тоа ќе се случи и во Холандија откако владата на оваа држава ги забрани сите спортски активности до 1 септември.

СЗО на челниците на УЕФА им препорачале да ги суспендираат сите клупски и репрезентативни активности до крајот на 2021 година.

Од Светската здравствена организација стравуваат дека вториот бран на коронавирусот може да биде многу полош од првиот.

„На есен се очекуваат нови посериозни бранови на коронавирусот во Европа. Патувањето на клубовите од една во друга земја, особено тоа важи за масовните гостувања на навивачите, би придонеле за побрзо ширење на вирусот“, пишува „Ла Република“.

Доколку УЕФА ги прифати препораките на СЗО тоа ќе има катастрофални финансиски последици за многу клубови.

Scroll to Top