Top Sport

Фиго и Роналдо со идентични посвети за Коби

Дека спортските ѕвезди не си ги оддржуваат самите своите социјални мрежи познато е одамна, но последниот пример фрла лошо светло кон португалските фудбалски легенди Луиш Фиго и Кристијано Роналдо.

Двајцата, како и многумина други спортисти, се простија од Коби Брајант, кој вчера загина во хеликоптерска несреќа, со посвета за големиот кошаркар. Единствениот проблем е што двете посвети се апсолутно идентични.

Scroll to Top