Шампионот од првото големо европско финале оваа сезона, тоа на Лига Европа, ќе биде познат по продолженијата (и евентуално пеналите), откако Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс одиграа 1:1 по регуларните 90 минути на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја.
Ниту андалузиската жештина (32 степени на стартот на мечот), не ги спречи двата клуба кои долго чекаат за европска титула да одиграат возбудлив меч, во кој Ајнтрахт имаше повеќе шанси, но Ренџерс беа тие кои дојдоа први во водство.
Нигериецот Џо Арибо во 57. минута успеа да направи одличен продор и да го совлада Кевин Трап за „лудница“ од страна на шкотските фанови на стадионот. Меѓутоа, во 69. минута, Филип Костиќ му асистираше на Рафаел Боре, за тој да го постигне четвртиот гол за Ајнтрахт во Лига Европа оваа сезона за израмнување. До крајот на мечот, Ајнтрахт повторно имаше неколку поизгледни шанси, но на крајот по 90 минути стана јасно дека ги чека долга ноќ во Севилја.
Rafael Santos Borré: el de los goles importantes?♥️ pic.twitter.com/fvVhCyVk2d
— Sabrina ?❤? (Chinita CARP) (@Chinitaa_CARP) May 18, 2022