Top Sport

Ајнтрахт ќе го откупи договорот на Јовиќ

Спортскиот директор на Ајнтрахт Франкфурт, Бруно Хубнер, потврдил дека клубот ќе го откупи од Бенфика договорот на српскиот напаѓач, Лука Јовиќ.

„Ќе ја активираме клаузулата, тогаш Јовиќ ќе биде играч на Ајнтрахт““, изјавил Хубнер во понеделникот.

Јовиќ (20) минатото лето пристигна во Ајнтрахт, со клаузула во договорот која му овозможува на Ајнтрахт да ја откупи. Од германскиот клуб не соопштија колкаво обесштетување треба да платат за младиот напаѓач.

Поранешниот младинец на Црвена ѕвезда вниманието на фудбалскиот свет го привлече во петокот кога на натпреварот против Фортуна Дизелдорф постигна пет гола.

Тој влезе стана најмладиот играч во историјата на фудбалот што постигнал пет гола на натпревар во сениорска конкуренција.

„Факт е дека ние верувавме во него“, рекол Хубнер, одбивајќи да каже детали од договорот што клубот му го понудил на Јовиќ.

Лука Јовиќ пред Меси, Роналдо, Агуеро, Фалкао, Левандовски

Scroll to Top