Top Sport

Ајнтрахт ќе се раздели со Гласнер

Тренерот на Ајнтрахт, Оливер Гласнер ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, одлучја клупските челници на вчерашниот состанок. Раководството на клубот веќе е во потрага по негова замена, а како што стојат работите едно име се издвојува.

Станува збор за Дино Топмелер, кој до неодамна беше помошник тренер во стручниот штаб на Јулијан Нагелсман во Баерн Минхен.

Топмелер не е непознато лице во Франкфурт, бидејќи играше за Ајнтрахт во сезоната 2002/03. По играчката кариера работел како асистент во Лајпциг и како самостоен тренер во Диделанж од Луксембург.

Ајнтрахт оваа сезона е во очајна состојба. По минатогодишната феноменална сезона во која се освои Лига Европа, тимот годинава целосно потфрли и покрај тоа што избори осминафинале во Лигата на шампионите. Ајнтрахт три месеци не знае победа, што е главната причина за разделбата со Гласнер.

Scroll to Top