Директорот на Ајнтрахт Франкфурт Маркус Креше вели дека Филип Костиќ нема да си замине од клубот во јануари по големиот интерес кој го покажа Интер за 29-годишниот напаѓач.
Костиќ во текот на летото беше пред трансфер во Лацио, но договорот пропадна поради бизарна „печатна“ грешка во договорот со римскиот клуб, а сега според италијанските медиуми Бепе Марота гледа во Србинот како идеална замена за Иван Перишиќ, кој има договор до крајот на сезоната.
„Не сакаме да го продаде Костиќ, Н’Дика или Камада во јануари. Тие се важни играчи за нас и нема да ги пуштиме во јануари, бидејќи во вториот дел од сезоната мораме да го надополниме пропуштеното“, изјави Креше за „Билд“.
Според „Калчомеркато“, Костиќ веќе има „разбирање“ со Интер за договор вреден 2.5 милиони евра годишно и се надеваат дека ќе го добијат за максимум 10 милиони евра. 29-годишниот Костиќ беше договорен со Лацио за трансфер од 15 милиони евра, а по неуспешниот договор го смени агентот, и сега работи со Италијанецот Алесандро Лучи.
По трансфер-фијаското Костиќ се раздели со менаџерот Рамадани