Ајнтрахт Франкфурт ја забележа првата победа во новата сезона од Бундеслигата, откако во петочниот меч на „Олимпијастадион“ во Берлин стигна до 3:1 триумф над Херта.
Андре Силва ги донесе „орлите“ во водство во 30-тата минута со гол од пенал, а предноста беше зголемена на 0:2 седум минути подоцна преку Холанѓанецот Бас Дост по нафрлањето на Хамада. Обидот на Херта да се врати во второто полувреме заврши во 70-тата минута кога Штефан Роде постигна прекрасен гол, повторно по асистенција на Хамада. До крајот на натпреварот, „старата дама“ успеа да намали на 1:3 со автоголот на Хинтерегер во 78. минута.