Top Sport

Академија Пандев доведе засилување од Аргентина

Македонскиот прволигаш Академија Пандев презентираше уште едно засилување во зимскиот преоден рок. Во струмичкиот тим пристигна Аргентинецот Нахуел Франко.

„21-годишниот аргентински интернационалец стави потпис на договор на 2,5 години со Академија Пандев. Доаѓа од аргентинскиот прволигаш Росарио Централ, каде ја има поминато и целата младинска школа.

Франко игра на позициите лев бек и централен дефанзивец“, соопштија од Академија Пандев.

Scroll to Top