Top Sport

Баерн е на врвот, но „милионерите“ се само три чекори назад

Баерн Минхен го совлада Бохум на „Алијанц арена“ и го чува врвот на табелата во Бундеслигата со 43 бода. Томас Милер го отвори резултатот, Кингсли Коман зголеми на 2:0, а третиот гол беше дело на Серж Гнабри од пенал.

Борусија Дортмунд исто така продолжи во победнички ритам и сега се наоѓа на второто место, со три бода заостанување зад Баерн. „Милионерите“ славеа на гости против Вердер со 0:2. Џејми Бино-Гитенс донесе водство, а Џулијан Брант го потврди триумфот на гостите.

Фрајбург го победи Штутгарт со 2:1, Баер Леверкузен славеше на гости против Хофенхајм со 1:3, а Мајнц го победи Аугрбург со 3:1.

Scroll to Top