Тимот на Академија Пандев е на чекор до пласман во своето прво финале на Купот на Македонија, откако со 3:1 дома ја совладаа Победа во првиот полуфинален меч.
Клубот од Струмица имаше водство од 3:0 до 80-тата минута, но примија гол за клубот од Прилеп да ги заддржи шансите за пласман понатаму, бидејќи сега им треба 2:0 победа во реваншот. „Академците“ постигнаа три гола за десет минути, откако замената Миловановиќ даде два гола, а Велинов додаде уште еден.
Во второто полуфинале играат Беласица и Македонија Ѓорче Петров, а во првиот меч во Струмица, Македонија стигна до 1:0 победа.
Фото: ФК Академија Пандев