Шпанските медуми вчера објавија дека Ла Лига размислува да стави крај на сезоната, без да прогласи шампион. Според шпекулациите Ла Лига само би ги одредила тимовите кои би се натпреваруваче во европските купови. Со таков расплет најмногу би биле оштетени Атлетико Мадрид и Валенсија. „Јорганџиите“ поради пласмнот во моментов ќе треба да играат во Лига Европа, а Валенсија би останала без пласман.
УЕФа на сите начини се обидуа да најде решении да завршат националните првенства, но доколку тоа биде невозможно, тогаш тие би нашле место за Атлетико да се натпреварува во Лигата на шампионите.
Новинарот Хуан Антонио Алкала тврди дека УЕФА секогаш во раката држи една специјална покана и во случај првенствата да не завшат таа би била упатена на „Ванда Метрополитано“.
Критериумите по кои би се водела УЕФА се јасни, Атлетико во ерата на Диего Симеоне стана еден од најсилните европски клубови, два пати во последните осум години играше во финалето на ЛШ, а освои и по една титула во Лига Европа и Суперкупот на Европа.
Исто така Атлетико избори пласман во четврт-финалето во Лигата на шампионите, Валенсија испадна во осмина-финалето додека Барселона и Реал допрва треба да ги играа реваншите.
Шпанија со план за прекин на сезоната – Атлетико во Лига Европа?