Вардар ќе патува во Азербејџан или Велс, доколку успее да го мине КуПС во првото квалификациско коло, за пласман во главата фаза во Лигата на шампионите.
Ждрепката во Нион, реши двојката Вардар-КуПС, во второто коло да игра против Сабах или ТНС. Фаворит во овој двомеч е азербејџанскиот клуб. Сабах, сезонава ја прекина доминацијата на Карабаг во домашното првенство.
Натпреварите од второто коло се закажани за 21/22 и 28/29 јули.
Доколку Вардар не успе против КуПС, тогаш ќе се пресели во втората рунда, во Конференциската лига.
Foto/ ffm.mk
