Top Sport

Обрадовиќ потпишал договор со Панатинаикос

Жељко Обрадовиќ потпишал договор со Панатинаикос, објавија дел од сроските медиуми, повикувајќи се на новинар Арале Вајсберг.

Како што објави Вајсберг – приказната помеѓу Жељко Обрадовиќ и Панатинаикос заврши на најдобар можен начин за „зелените“.

Според него, најтрофејниот европски стручњак потпишал договор и се враќа на клупата на атинскиот гигант.

Претходно, медиумите, пишуваа дека раководството на клубот, предводено од Димитрис Јанакопулос, било подготвено да понуди тригодишен договор вреден околу пет милиони евра со цел да го убеди искусниот стратег да се врати во клубот со кој го постигна најголемиот успех во кариерата.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');