Јапонија го освои првото место во групата Е на СП во Катар откако успеа да ги победи и Германија и Шпанија, но сепак, многумина се сомневаат дека победничкиот гол за 2:1 против Шпанија, едноставно не требаше да биде признаен.
Иако во топката „Ал Рихла“ има чипови со кои се следи офсајд ситуацијата, и покрај деталните ВАР снимки, се одлучи дека оваа топка не излезе надвор од игра, предизвикувајќи бура коментари на социјалните мрежи. Според правилата, топката треба целосно да излезе од аут-линијата за да се смета дека е надвор од игра. Голот исто така имаше голем влијание на исходот на групата Е – така Јапонија го освои првото место, а Германија беше елиминирана.
Eh proper confused….must be a different angle #SpainVsJapan pic.twitter.com/0mV6KXU5Af
— Adam Webster (@adswebbo) December 1, 2022
Top down and in play by the smallest of margins. pic.twitter.com/JGKeIt7DtS
— Chris Williams (@Chris78Williams) December 1, 2022