Top Sport

Ако Катарците го купат Манчестер јунајтед, во ПСЖ се плашат дека ќе станат „Б-тим“

Интересот на катарските власти за купување на Манчестер јунајтед може да биде протолкувано како лоша вест на Пари Сен-Жермен и нивните амбиции за европска доминација, тврди францускиот спортски весник „Л’Екип“.

Крајниот рок за поднесување понуди за купување на Јунајтед истекува утре и се очекува покрај американски и саудиски инвеститори, како потенцијален обид на Илон Маск, главен кандидат за купување на бидат катарските државни компании. Оваа понуда би дошла од Катарската агенција за инвестиции (QIA), а не од Катар спортс инвестментс (QSI), компанијата која го поседува Пари Сен-Жермен, но тоа не ја намалува загриженоста во Париз дека фокусот ќе биде насочен кон потрофејниот клуб со побогата историја.

Според „Л’Екип“, дополнителна загриженост претставува економскиот потенцијал на француската Лига 1 во споредба со англиската Премиерлига. ПСЖ со супер-тимот со Нејмар, Килијан Мбапе и Лионел Меси, наводно имаат загуби од 200 милиони евра годишно, а доколку го купат Јунајтед покрај тимот тоа ќе го вклучува и стадионот „Олд Трафорд“, додека „Паркот на принцовите“ е во сопственост на градот Париз, а не на ПСЖ.

Scroll to Top