Top Sport

Де Брујне го истурка Артета, па го испофали во интервју

„Моторот“ на Манчестер сити, Кевин де Брујне призна дека оваа сезона е многу потешка за неговиот тим поради работата која Микел Артета ја направил со Арсенал, иако имаше интересен конфликт со шпанскиот тренер при вчерашната 3:1 победа на Сити.

„Граѓаните“ ги поминаа Арсенал на врвот на табелата по победата (иако имаат меч повеќе), и Де Брујне го испофали Артета и покрај тоа што го оттурна на вчерашниот меч кога тој спречуваше да дојде до топката за да изведе аут. Сепак, по крајот на мечот, Де Брујне се поздрави со тренерот со кој работеше три години во Сити.

„Мислам дека секоја година станува потешко поради квалитетот на тимовитее. Сите работат и има голем број на квалитетни играчи. Арсенал се исклучителен тим. Играат добар фудбал и тешко е да се игра против нив. Имаат енергија, се работи за млади момци кои се гладни за победа. Во првото полувреме беа подобри од нас“, вели Белгиецот.

Scroll to Top