Top Sport

Ако Мбапе замине во Реал, ПСЖ е го донесе Рафа Леао

Килијан Мбапе, како што тврдат француските медиуми, кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Во ПСЖ, како што пренесува „Паризиен“, се подготвуваа за животот без Мбапе. Ја означиле замената за најдобриот играч. Според италијанските медиуми, ПСЖ во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе Рафаел леао.

Португалската ѕвезда во договорот со Милан има ослободителна клаузула од 175 милиони евра, што значи дека доколку „светците“ се подготвени да платат толку, тој може да премине во нивните редови.

Овој 24-годишен напаѓач неодамна неколку пати истакна дека е задоволен на „Сан Сиро“, но од друга страна, некои извори пренесуваат дека би бил заинтересиран за преселба во ПСЖ, доколку се работи за повеќегодишен проект.

Scroll to Top