Top Sport

„Ако не игра за Реал, Иско нема да игра ниту за Шпанија“

Иско, поради несогласувањата што ги има во Реал со тренерот Сантијаго Солари, може да остане и без своето место во репрезентацијата на Шпанија.

Талентираниот играч од редот за врска, со доаѓањето на Солари добива малку минути за игра, а на неколку натпревари со однесувањето на теренот успеа да го навлече и гневот на навивачите.

Неколку тимови се заинтересирани за него, но никој не испратил конкретна понуда. Од друга страна, тој наводно изјавил дека ќе остане во Реал до крајот на сезоната, а потоа доколку Солари и понатаму биде тренер ќе побарал трансфер.

(Не)играњето во тимот на Реал може да влијае и врз неговиот статус во националниот тим.

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, рекол дека повик во репрезентацијата ќе добијат само оние што се стандардни во своите клубови.

„Во овој момент воопшто не знам дали ќе го повикам Иско. Подоцна ќе разговараме на таа тема. Имаме уште два месеци до објавувањето на списокот, што значи дека многу нешта можат да се сменат. Доколку не игра за Реал се сомневам дека ќе добие повик на сметка на некои играчи што се стандардни“, рекол Енрики.

Scroll to Top