Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер јунајтед доколку клубот не избори пласман во Лигата на шампионите.
Португалецот (37) неодамна изјави дека има намера да игра уште најмалку три години. „Сан“, тврди дека е подготвен да го напушти „Олд Трафорд“ по завршувањето на сезоната, доколку клубот не се пласира во ЛШ. Според овој извор, тој одлуката им ја соопштил на клупските челници.
Јунајтед се седми во Премиер лигата. Од 20 одиграни натпревари собраа 32 бода. Лидер со два натпревари повеќе и 56 бода е Манчестер сити