Top Sport

Манчестер Јунајтед наскоро ќе испрати понуда до Тотенхем за Кејн

Манчестер Јунајтед во следните неколку недели ќе испрати понуда до Тотенхем за капитенот на лондонскиот клуб и англиската репрезентација, Хари Кејн, пренесуваат британските медиуми.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, им посочил на челниците на клубот дека Кејн е потенцијално клучен играч за шампионските амбиции на „црвените ѓаволи“ следната сезона.

Тен Хаг сака што поскоро да ја реши ситуацијата и да знае дали може да го доведе Кејн веднаш по завршувањето на сезоната.

Кејн има договор со Тотенхем до крајот на следната сезона, а британските медиуми пренесуваат дека претстојниот преоден рок може да биде последна шанса за лондонскиот клуб да добие отштета за англискиот интернационалец.

„Гардијан“ објави дека висината на отштетата би требало да биде поголема од 80 милиони евра доколку претседателот на Тотенхем, Даниел Леви одлучи да му дозволи на Кејн да го напушти клубот.

Кејн оваа сезона во Премиер лигата постигна 28 гола на 37 натпревари.

Scroll to Top