Атлетико Мадрид до крајот на сезоната ќе води жестока борба за пласман во Лигата на шампионите. Во саботата, Атлетико доживеа пораз во Баскија од Алетик Билбао (2:0), но остана на четвртата позиција со три бода повеќе од Бетис и пет од Реал Сосиедад. До крајот на сезоната во Примера има уште четири кола.
Доколку се случи Атлетико да остане без пласман во Лигата на шампионите, тренерот Диего Симеоне ќе го напушти клубот. Аргентинецот, во 2021 година го продолжи договорот до 2024 година.
Новинаот на Кадена КОПЕ, Антонио Риус, тврди дека во договорот на Синеоне постои клаузула, која ги суспендира договорените обврски доколку тимот не избори пласман в Лигата на шампионите.
Доколку се случи тоа, тогаш клубот и тренерот треба повторно да седнат и да преговараат.
Инаку, според шпанските медиуми, голема е веројатноста Симеоне да го напушти клубот и доколку Атлетико избори место во Лигата на шампионите.
Во последните четири кола Атлетико игра со Реал, Елче, Севилја и реал Сосиедад, а Бетис за притивници ќе ги има Барселона, Валенсија, Гранада и Реал Мадрид.