Top Sport

„Ако продолжиме вака нема шанси да ги стигнеме Манчестер сити“

Ливерпул, синоќа, доживеа неочекуван пораз на „Кинг пауер“ стадионот во Лестер. Десеткуваните „лисици“ славеа победа со голот на Адемола Лукман.

Трагичар на натпреварот беше Мохамед Салах кој не успеа да реализира пенал во 15.минута, при резултат 0:0.

Менаџерот Јирген Клоп, рекол дека ниту еден од неговите играчи не одиграл добро.

„Не планиравме да им дозволиме на Лестер да одиграат ваков натпревар. Доколку продолжиме вака нема шанси да ги стигнеме Манчестер сити“, рекол Германецот и дополнил.

„Мораме да извлечеме поуки од овој пораз. Прво, вака не смееме да играме. Немавме ритам. Не ми се допадна како игравме“.

По 19 кола, Ливерпул и Челси имаат шест бода помалку од водечкиот Манчестер сити.

Scroll to Top