Top Sport

Аспиликуета во Барса од наредната сезона

Капитенот на Челси, Сезар Аспиликуета, ќе го напушти „Стенфорд бриџ“ по завршувањето на сезоната како слободен играч. Шпанскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Новинарот Џерар Ромеро, тврди дека Аспиликуета и Барселона се договориле тој да потпише двегодишен договор. Ромеро, пред неколку недели ја пушти информацијата дека Барселона преговара со Феран Торес. Вчера Торес го потпиша договорот со каталонскиот великан.

Аспиликуета, сезонава, падна во втор план, менаџерот Тухел им дава предност на Џејмс, Чалоба и Кристенсен.

Инаку, Аспиликута е играч на Челси од 2021 година.

Scroll to Top