Контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ги критикувал своите фудбалери Хозе Калјехн и Дрис Мертенс кои размислувале кариерата да ја продолжат во Кина.
Калјехон и Мертенс нема да ги продолжат договорите со Наполи кои им истекуваат по завршувањето на сезоната. Наводно размислувале да трган по стапките на поранешниот соиграч Марек Хамик и да се преселат на далечниот исток.
„Секој играч има своја вредност, секако во зависност од тоа каде и како игра, колку години има и како се однесува…Доколку сакаат да се ‘продадат’ во Кина и да земат големи пари и во исто време да имаат п….н живот две или три години тогаш тоа е нивни проблем. Кина не е компетитивна, многу е далеку. Доколку тие мислат поинаку тогаш тоа е нивни проблем. Во животот мора да изберете дали сакате да бидете среќни да го работите она што го сакате, или да работите само поради парите. За мене парите не се цел, туку она што по пат го добивате. Доколку нивна цел се парите тогаш нека одат во Кина“, рекол Де Лаурентис.