Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, Интер го совлада градскиот ривал Милан со 2:0 и се чини дека создаде решавачка предност за пласман во финалето, кое ќе се одигра на 6.јуни во Истанбул.
Традицијата вели дека Интер е сигурен патник во финалето. Кога некој слави 2:0 на гости, тогаш конечниот успех во двомечот се мери со шанси со над 90%. Во случајот на Интер и Милан, овој процент би можел да биде уште поголем.
Милан никогаш не успеал да ја надополни негативата од 2:0 на домашен терен. Три пати црвено-црните биле во таква ситуација и три пати биле елиминиран.
Од друга страна, и Интер три пати биле во ситуацијата да имаат 2:0 од гостински терен и секогаш успеала де ја задржат предноста. Значи, на Милан не му се пишува добро.
Реваншот на градските ривали, во полуфиналето ќе се одигра во вторник, домаќин ќе биде Интер.