Top Sport

Ако се пласираат на ЕП српските фудбалери ќе поделат речиси четири милиони евра

Репрезентативците на Србија во случај на пласман на ЕП 2024 ќе имаат можност да поделат 3.800.000 евра.

Практично, тоа нема да биде ниту награда, туку пари заработени од потенцијалното учество на континенталниот собир на најдобрите фудбалски селекции.

Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) на последната седница остана на тоа дека репрезентацијата треба да добие 40 отсто од вкупните средства на УЕФА наменети за учество на Европското првенство во Германија.

Во основа, Европската куќа на фудбалот гарантира 9.500.000 евра, сума која ќе се слее во касата на ФСС. Од тоа, 3.800.000 ќе поделат фудбалерите.

Вкупниот фонд на УЕФА за ЕУРО 2024 изнесува 371.000.000 евра.

Победа во групната фаза се вреднува со 1.000.000, а нерешен резултат со 500.000 евра. Репрезентациите кои ќе влезат во нокаут фазата ќе добијат дополнителни 1.500.000 евра, пласман во четвртфиналето и полуфиналето носи дополнителни 2.500.000, односно 4.000.000 евра. Поразениот финалист ќе заработи пет, победникот од финалниот меч ќе добие вкупно осум милиони евра.

Scroll to Top