Белгискиот репрезентативец Аксел Витсел потврди дека ќе се раздели со Борусија Дортмунд на крајот од сезоната. Витсел беше стартер во поразот на Борусија Дортмунд со 3:4 од Бохум во 32. коло од Бундеслигата.
„Примивме премногу голови оваа сезона, како и претходната. Ова е нешто што треба да го подобриме следната година, Реков – ние, но всушност нема да бидам тука следната сезона“, изјави Белгиецот.
Борусија Дортмунд е второпласирана во поредокот во Бундеслигата со 63 бода, 12 помалку од лидерот Баерн Минхен, кој веќе ја обезбеди шампионската титула.