Поранешниот фудбалер од средниот ред на Рома, Ливерпул и Јувентус, Алберто Аквилани го купи клубот Спес Монтесакро 1908, јуниорскиот клуб каде што ја почна кариерата.
34-годишниот Аквилани е продукт на академијата на Рома, но првпат беше забележан како игра фудбал за аматерскиот клуб. Сега, Италијанецот реши да се врати на своето детство и да го откупи клубот.
„Мојот пат почна тука, на валканиот терен во Монтесакро, а мојата фудбалска куќа е Спес. Оттука почнав со долгиот пат, почна жртвувањето и посветеноста која ми дозволи да носам славни дресови на големи стадиони. Но, никогаш не го заборавив првиот пат на фудбалскиот терен. Се враќам со многу искуство и со помош за тие кои сонуваат. Ова ќе биде нов предизвик за мене, но поради вредностите кои ми ги пренесе моето семејство, сакам да помогнам. Новиот пат, нашиот заеднички, почнува сега“, напиша Аквилани на Инстаграм.