Top Sport

Ал-Ахли го раскинува договорот со Алиоски?

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски најверојатно ќе го напушти Ал-Ахли. Ова откако саудискиот клуб го ангажираше Габри Веига од Селта како деветти странец во тимот, а имаат право само на осуммина.

Тоа значи дека еден од странците ќе мора да замине, а изборот паднал на Езгјан Алиоски.

Дел од медиумите во Саудиска Арабија тврдат дека Алиоски веќе го напуштил тимот.

Алиоски минатата сезона ја одигра како позајмен играч во Фенербахче, а сезонава се врати во Ал-Ахли.

 

Scroll to Top