Top Sport

Ал-Аин сензационално го исфрли Ривер и сега го чека Реал Мадрид (видео)

Новокрунисаниот шампион од Копа Либератадорес, Ривер Плата доживеа сензационален пораз на пенали од азискиот шампион Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати, за да се пласира во финалето на Светското клупско првенство, каде што ќе го чека подобриот од дуелот Реал Мадрид-Кашима антлерс.

Мечот во Ал-Аин започна со изненадувачко водство на Ал-Аин веќе во третата минута преку ветеранот Маркус Берг, пред Рафаел Боре со два гола до крајот на полувремето да направи пресврт и да донесе 2:1 водство за јужноамериканскиот шампион. Меѓутоа, азискиот шампион израмни преку Бразилецот Кајо во 51. минута.

Ривер имаше совршена шанса да го обезбеди пласманот во финалето кога беше досуден пенал во 69. минута од мечот, но Гонзало Мартинез го утна пеналот. По ова, и по двете продолженија не успеа да се дојде до финалистот, по што на ред дојдоа пеналите.

Сите беа прецизни стрелци до петтата серија од пеналите, кога ударот на Енцо Перез беше одбранет од голманот Халид Еиса, за најголем успех во историјата на клубот од ОАЕ, чиј тренер е поранешниот прв човек на Динамо, Хрватот Зоран Мамиќ.

Фото: ЕПА

ПЕНАЛ-СЕРИЈА

Scroll to Top