Top Sport

Ибрахимовиќ потпиша подобрен договор со Галакси

Лос Анџелес галакси потврдија дека Златан Ибрахимовиќ потпиша нов „подобрен“ договор со клубот со кој ќе остане во МЛС лигата барем уште една сезона.

37-годишниот Швеѓанец потпиша едногодишен договор со Галакси во текот на летото и постигна 22 гола во 27 натпревари и е номиниран за МВП наградата во МЛС лигата. Шпекулациите велеа дека тој може да се врати во Милан, но сега е сигурно дека останува во Калифорнија.

„Пресреќни сме што можеме да му дадеме нов договор на Златан и тој ќе се врати во 2019. Лани ја покажа својата вредност и сега очекуваме уште подобра сезона“, вели генералниот менаџер на тимот, Денис те Клесе.

Ибрахимовиќ е „определен“ играч на Галакси, што значи дека ќе добие значително зголемување на платата, но во исто време значи дека тимот мора да продаде еден од преостанатите тројца фудбалери кои се „определени“ – Роман Алесандрини, Џовани дос Сантос и Џонатан дос Сантос.

Scroll to Top