Top Sport

Ал-Хелаифи потврди: Зидан не доаѓа во ПСЖ, преговараат со Галтие

Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи потврди дека Зинедин Зидан нема да биде следниот тренер на францускиот клуб, објаснувајќи дека преговараат со Ница за трансфер на Криштоф Галтие.

По отказот за Маурисио Почетино, навивачите на ПСЖ се надеваа дека француската легенда Зидан, кој е без работа по заминуваањето од Реал Мадрид, ќе седне на клупата, но во последно време стана јасно дека тој нема таков план, по што фокусот се префрли на Галтие, тренерот кој минатата сезона ја помина во Ница, откако во 2020/21 ги предводеше Лил до титулата во Лига 1.

„Зинедин Зидан? Ќе ви кажам дека никогаш не разговаравме со него, директно или индиректно. Многу клубови се заинтересирани за него, но и некои репрезентации, но ние не разговаравме за негов ангажман. Избравме друга опција, тренер кој ќе биде најдобар за нашиот план. Фановите се разочарани од Галтие? Сонот е едно нешто, а реалноста сосема друго. Убаво е да се сонува за големи работи, но денеска мораме да бидеме реални. Не сакаме повеќе блинг-блинг, шоу. Сакаме реалност. Разговараме со Ница, тоа не е тајна. Се надеваме на брз договор“, вели Ал-Хелаифи во интервју за „Ле паризиен“.

Scroll to Top