Top Sport

Германскиот херој Геце се врати во Бундеслигата со Франкфурт

Херојот на Германија од СП во 2014 годдина, Марио Геце се врати во својата татковина, откако потпиша тригодишен договор со Ајнтрахт Франкфурт, заминувајќи од ПСВ Ајндховен.

30-годишиот Геце, кој го постигна победничкиот гол во финалето на Мундијалот во Бразил против Аргентина, си замина од Бундеслигата во 2020 по разочарувачкото враќање во Борусија Дортмунд, по што ја врати кариерата на вистински пат во холандската лига.

„Факт што фудбалер како Марио Геце го избра Ајнтрахт Франкфурт и покрај повеќето понуди зборува дека нашиот клуб успеал да изгради имиџ во последните години“, вели спортскиот директор на клубот, Маркус Кроше.

Откако стана ѕвезда како тинејџер во Борусија, тој направи трансфер во Баерн Минхен, пред во 2016 година по само три сезони да се врати во својот клуб. Проблемите со повредите и со физичката подготвеност значеа дека тој беше ограничен на само 15 настапи во последната сезона во Дортмунд.

Scroll to Top