Потписот на Кристијано Роналдо за Ал-Наср од Саудиска Арабија е само прашање на време, но од Франција доаѓа информација дека тој нема да биде единственото атрактивно засилување во 2023 година.
Ал Наср сака да го доведе и Н’Голо Канте, членот на Челси и француски репрезентативец.
Договорот на Канте со лондонскиот клуб истекува на крајот од сезоната, кога би можел да замине на Блискиот Исток. И покрај желбата да остане во Англија, самиот фудбалер не ја исклучува можноста да се пресели во Саудиска Арабија.
Канте во најголем дел од оваа повреда е надвор од теренот поради повреда, а неговото враќање е најавено за почетокот на март.