Голманот на Интер, Андре Онана, би можел да биде следниот кој ќе тргне кон Саудиска Арабија, следејќи ги чекорите на неговиот досегашен соиграч Марсело Брозовиќ. Раководствoто на Ал-Наср презело решителна акција за трансфер на голманот на Интер, тврди „CBS Sports“.
Голманот на Камерун, за кого сериозно е заинтересиран Манчестер Јунајтед, неговиот сегашен тим Интер го проценува на 70 милиони евра. Додека „црвените ѓаволи“ се обидуваат да преговараат за пониска цена, „нероаѕурите“ веќе добија великодушна понуда од Ал-Наср, која треба да го задоволи европскиот вицепрвак.
Ал-Наср е исклучително заинтересиран за потписот на голманот, бидејќи главниот голман на тимот Давид Оспина е подолго време надвор од терените поради тешка повреда на лакотот. Интересно е дека Ал-Наср претходно беше заинтересиран за Давид де Хеа, чиј договор со Манчестер Јунајтед истече на 30 јуни. Англискиот гигант го планираше токму Андре Онана за негов наследник.