Top Sport

Ал-Наср почнаа преговори со Гризман

Ал-Наср, клубот каде што Кристијано Роналдо го почна „егзодусот“ на фудбалските ѕвезди во Саудиска Арабија, започна преговори со претставниците на Антоан Гризман за трансфер на ѕвездата на Атлетико Мадрид, тврди „Фут меркато“.

Францускиот репрезентативец има откупна клаузула од само 25 милиони евра, нешто што не би претставувало проблем за саудискиот клуб, а би претствавувало големо засилување за лигата. Гризман имаше 15 гола во Ла лига и дополнителни 17 асистенции, но шпанскиот клуб би бил подготвен да го продаде за да ги надмине проблемите со финансискиот ферплеј.

Покрај Роналдо во Саудиска Арабија веќе пристигнаа Карим Бензема, Н’Голо Канте и Рубен Невеш, а се очекува Челси да продаде уште тројца играчи во клубови од лигата – Хаким Зијеш, Едуар Менди и Калиду Кулибали

Scroll to Top