Top Sport

(Видео) Милан замената за Тонали ја бараат во Бенфика

Милан контактирале со агентите на фудбалерот на Бенфика, Флорентино Луиш за трансфер на „Сан Сиро“ како замена за Сандро Тонали, тврдат италијанските медиуми.

Навивачите на „росонерите“ добија студен туш на стартот на преодниот рок, прво со отказот за техничкиот директор и легенда на клубот, Паоло Малдини, за потоа да го продадат Тонали на Њукасл за високи 80 милиони евра. Тие сега мораат да обезбедат барем двајца фудбалери од средниот ред, еден да го замени Тонали и еден да го замени повредениот Исмаел Бенасер.

Бенфика бара најмалку 30 милиони евра за 23-годишниот Бразилец, кој има договор со португалскиот куб до 2027 година. Тој ги одигра речиси сите натпревари за Бенфика оваа сезона со 54 настапи од можни 55 меча.

Scroll to Top