Top Sport

Ал Шахрани итно префрлен на операција во Германија

Саудиска Арабија вчера го шокираше светот откако во 1. коло од групата Ц ја совлада Аргентина со 2:1. Аргентинците водеа со 1:0 на полувремето со голот на Лео Меси од пенал, но Саудијците преку Ал Шехри и Ал Даусари го свртеа натпреварот на почетокот на вториот дел и херојски ја задржаа предноста до крајот на натпреварот.

Саудијците сега имаат голема шанса да изборат пласман во осминафиналето. Натпреварите против Полска (26.11) и Мексико (30.11) ќе мора да ги одиграат без Јасер Ал Шахрани. Одличниот лев бек, кој храбро се справи со Аргентинците, тешко се повреди во финишот на натпреварот.

Голманот Ал Овејс при една интервенција со коленото го удри во главата Ал Шахрани.

Саудискиот дефанзивец лежеше неподвижен на тревникот, но судијата Славко Винчиќ ја продолжи играта пред играчите на Саудиска Арабија да му дадат знак да го прекине натпреварот.

Ал Шахрани откако му беше укажана медицинска помош на теренот, на носилки беше беше изнесен од теренот. Тој со палецот нагоре сигнализираше дека е добро, но саудиските медиуми објавија дека овој турнир за него е завршен.

По средбата, на Ал Шахрани му била дијагностицирана фрактура на вилицата и коската на лицето, а наводно имал внатрешно крварење.

Саудиското кралско семејство веднаш му организираше приватен авион за да го пренесе во Германија, каде што ќе биде опериран.

Scroll to Top